Прескокни до содржината

За нас

Профил

Здружение основано за да создава можности.

За нас

Здружението за социо-културен развој, стеам едукација и иновации АСТЕРА Кавадарци е основано на 20 јули 2026 година. Нашата работа е насочена кон создавање можности за размена на знаење, технологија, креативност и партнерства. На тој начин ќе придонесиме кон создавање услови за одржлив развој и подобар квалитет на живот.

Веруваме дека секој човек има потенцијал да учи, создава и придонесува, а нашата улога е да помогнеме тој потенцијал да се претвори во можност и позитивна промена.

Тимот

Профилите на тимот се во подготовка. Наскоро тука ќе има претставување со кратки биографии.

Нашата мисија

Мисијата на АСТЕРА е да создава можности за развој на поединците и заедниците преку образование, иновации и активно учество. Промовираме СТЕАМ едукација и дигитални вештини, креативност, култура, социјална инклузија и одржлив развој. Преку поврзување на знаењето, технологијата и луѓето, создаваме можности за учење, развој, соработка и позитивни општествени промени.

Нашата визија

Визијата на АСТЕРА е општество во кое знаењето, иновациите, технологијата и активното граѓанство создаваат одржливи, инклузивни и просперитетни заедници.

Сакаме да придонесеме кон креирање на општество во кое младите имаат можности да учат и да се развиваат, граѓаните имаат простор да учествуваат, а иновациите и технологијата се користат за решавање на реалните предизвици на заедницата.