- Повик
- Членство
- Волонтирање
Отворен повик за членство и волонтирање
АСТЕРА Кавадарци го отвора приемот на нови членови и волонтери.
Членството е отворено за поединци кои сакаат да учат, создаваат и работат за позитивни промени во своите заедници — без разлика на возраст, професија или претходно искуство во граѓанскиот сектор.
Како да се пријавите
Пополнете ја формата на страницата Вклучи се. Во кратката биографија опишете какво искуство или експертиза можете да понудите — искуство во НВО секторот, работа со проекти, или едноставно интерес за некоја од нашите области на работа.
Членарина
Годишната членарина се плаќа на уплатница на жиро сметката на АСТЕРА Кавадарци 300040000219642 во Комерцијална Банка АД Скопје, под намена „годишна членарина за тековната година”.
Членството важи за една тековна година со времетраење до 31 декември и изнесува 1000 денари. Членарината за наредната тековна година се уплаќа до 31 декември.
Волонтирање
Волонтирањето не бара членство ниту членарина. Ако сакате да придонесете со време и вештини на работилници, настани или кампањи, изберете „Волонтер” во формата.